Бајден укина студентски долгови во висина од 7,4 милијарди долари за 277.000 должници

Администрацијата на Бајден ќе укине 7,4 милијарди долари студентски долг за 277.000 должници, соопшти денеска Белата куќа, пренесува Ројтерс.

Претседателот Џо Бајден во понеделникот ги објави плановите за олеснување на студентскиот долг од кој ќе имаат корист најмалку 23 милиони Американци, а се однесува на клучното прашање за младите гласачи чија поддршка му е потребна додека бара реизбор во ноември.

Тие планови вклучуваат откажување до 20.000 долари од акумулираната и капитализирана камата за должниците, без оглед на приходот, за што администрацијата на Бајден проценува дека ќе ја елиминира целата таа камата за 23 милиони должници.

М. П.