Не сум сигурен дека повторно ќе се кандидирав за претседател, ако тоа не го направеше Трамп. Не смееме да му дозволиме да победи, рече американскиот претседател Џозеф Бајден за време на говорот на настанот за собирање средства за неговата изборна кампања, пренесува Ројтерс.

Бајден размислува да се кандидира за претседател на САД во 2024 година, зашто своја кандидатура најавил поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

„Да не се кандидираше Трамп, не сум сигурен дека и јас би се кандидирал. Не смееме да му дозволиме да победи“, рече Бајден.

Претходно беше објавено заедничко истражување на Ројтерс и Ипсос, според кое популарноста на Бајден овој месец е речиси на најниското ниво откако тој стана претседател.

Прикажи повеќе