Американскиот претседател Џо Бајден за денеска свика состанок на Советот за национална безбедност на Белата куќа поради ситуацијата во Украина, стои во соопштение за печат објавено од портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

„Претседателот ќе свика состанок на Советот за национална безбедност за ситуацијата во Украина“, нформира таа.

Во соопштението се додава дека Бајден продолжува да го следи развојот на ситуацијата во Украина и редовно се информира за случувањата на терен од неговиот тим за национална безбедност. Тие потврдија дека Русија може да изврши напад против Украина во секое време, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе