Македонските репрезентативци, Ердал Ракип (Малме) и Адис Јаховиќ (Гестепе) поради повреда нема да се стават на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската А репрезентација против Ерменија (11. ноември) и Исланд (14. ноември) од квалификациите за Светското првенство 2023, соопшти ФФМ.

Фудбалерот на шведски Малме има болка во коленото и денешниот извештај од магнетната резонанца ќе потврди колку време Ракип ќе отсуствува од терените. Адис Јаховиќ поради повреда излезе во 16. минута во вчерашниот настап за својот тим Гезтепе против Конјаспор од турското првенство.

Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски дополнително ги повика Енур Тотре од Тирана и напаѓачот на Ботев Враца, Доријан Бабунски. Двајцата фудбалери ќе бидат на првиот тренинг на репрезентацијата.

Денеска во 12:00 часот во хотел „Хилтон“, националниот тим го има првиот собир спроти последните два меча од мундијалските квалификации. Првиот тренинг е денеска од 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.