Според извори од индустријата, линијата Ајфон 15 добива значително подобрување.

Според вработен во компанијата Foxconn, која произведува делови за Епл, претстојната линија Ајфон 15 ќе има значително поголеми батерии.

Протекнувачот тврди дека стандардниот Ајфон 15 ќе има 18% поголема батерија од сегашниот модел, Ајфон 15 плус и Ајфон 15 про ќе имаат 14% поголема батерија, додека Ајфон 15 про макс ќе има батерија која е 12% поголема.

Така, се очекува Ајфон 15 да има батерија од 3.877 мАч; Ајфон 15 плус: 4.912 мАч; Ајфон 15 про: 3.650 мАч и Ајфон 15 про макс: 4.852 мАч.

Претходно се појавија информации дека Ајфон 15 про ќе има почетни 256 ГБ простор за складирање податоци, во споредба со сегашниот модел, кој започнува од 128 ГБ.

Ова ќе биде и главната разлика помеѓу „про“ и моделите што немаат „про“ во името, бидејќи се очекува Ајфон 15 и Ајфон 15 плус да ги имаат почетните 128 ГБ простор за складирање.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.