Основачот на Викиликс Џулијан Асанж доживеа благ мозочен удар во затвор во Велика Британија, што е последица на екстремниот стрес поради борбата против екстрадицијата во САД, изјави неговата свршеница Стела Морис за Дејли Мејл.

„На Асанж му беше дијагностициран транзиторен исхемичен напад по едно негово појавување пред Високиот суд во октомври“, вели Морис.

Да потсетиме, британскиот суд го одобри барањето на САД за екстрадиција на Асанж, барање кое претходно беше блокирано поради влошеното ментално здравје на Асанж. Иако пресудата не е конечна и може да биде обжалена од страна на правниот тим на Асанж, таа го носи поранешниот шеф на Викиликс еден чекор поблиску до судење на територијата на САД, каде што се соочува со можни 175 години зад решетки доколку биде осуден за шпионажа.

Прикажи повеќе