Артуро Видал пред извесно време стана вирален хит откако откри дека Фиат Панда е неговиот омилен автомобил, па поради тоа, почна секојдневно да оди на тренинг со него и се претвори во вистинска сензација во комплексот на Интер.

Чилеанецот предизвика навистина безброј реакции со своите објави на социјалните мрежи со кои долови дека ужива во својата Панда, дури повеќе од возењето на едно Ферари и Мерцедес кои исто така ги има во својата гаража.

Сепак, сега еден скапоцен автомобил недостасува од неговата вила во Милано, откако властите откриваат дека Чилеанецот бил ограбен на 7-ми ноември.

Додека тој бил дел од тимот на Интер кој ремизираше со Милан во големото градско дерби, добро опремени крадци оперирале во неговиот дом и украле многу вредни работи, меѓу кои и Мерцедес Г63 АМГ Брабус.

Италијанските медиуми веста ја пренесоа ова попладне, а покрај Мерцедесот, крадците украле и вреден накит и златни работи од домот на „Кинг Артуро“.