Карло Анчелоти го посочи како добра вест враќањето на Еден Азар за „Ел Класико“ дербито против Барселона, но искусниот италијански стручњак не му препушти ниту една минута на „Камп Ноу“ и Белгиецот остана неискористена резерва во неделата.

Со оглед на густиот распоред, „кралевите“ немаат премногу време да ја слават големата победа над Барса и веќе вечерва играат нов натпревар во домашното првенство, на кој противник ќе биде тимот на Осасуна.

Гостите допатуваа во престолнината во извонредна форма со едно реми и три победи на последните четири натпревари, па покрај тоа што Карло говореше за цврстината на тимот од Памплона, дада искрена изјава и за ситуацијата со која се соочува Еден Азар.

Анчелоти потврди дека Азар е подготвен за игра, но негов проблем е тоа што во овој момент предност во неговиот тим имаат играчи како Винисиус и Родриго.

– Азар може да игра комотно во 4-3-3 како крило на левата страна и во 4-4-2 како втор напаѓач, зад главниот центарфор. Подготвен е за игра, но во овој момент негов проблем е што има тренер кој преферира друг играч пред него.

– Мора да го издржи овој период, има апсолутно се што треба да поседува врвен фудбалер. Треба да го преброди овој период и да прифати дека тренерот сега им дава предност на други. Имаше многу повреди и очекуваме да го видиме во најдоброто светло, – изјави Анчелоти.