Македонскиот ракометен тренер, Андон Бошковски повеќе не е тренер на прволигашот Тинекс Пролет.

Клубот одлучи да ја прекине соработката со Бошковски, а причината за тоа се лошите резултати во последно време, три во низа од кои последниот беше против Металург кој во изминатиов период се соочува со многу проблеми и имаше дури и штрајк поради неисплатени плати.

Пролет му се заблагодари на Бошковски за сработеното во изминатиот период и му посака многу среќа во идните ангажмани.