реклама

Во текот на денешниот и утрешниот ден на небото ќе се појави таканаречената розова месечина, односно полна месечина во знакот Вага.

Како што најавуваат астролозите, за интензитетот на овој „розов месец“ ќе придонесе и комбинацијата на Нептун кај Рибите и Венера во Бик.

реклама

Во најповолна варијанта, Нептун и Венера можат да ве направат поромантични и сензуални. Од друга страна, како што пишува „Јуртанго“, овој аспект може да ги истакне индивидуалните страсти и интереси кои досега не сте ги покажале.

Овен

реклама

Веќе знаете што треба да направите за да ја направите вашата врска хармонична – треба да почнете да си верувате.

Љубовта не функционира онака како што вие мислите, но си должите да надминете некои работи за да уживате во емотивна врска. Време е да се справите со старите рани, бидејќи токму сега ја имате целосната поддршка од планетите да ја прифатите вистината и да го земете вашиот живот во свои раце.

реклама

Бик

Ова е моментот кога треба да се потсетите зошто е важно прво да се сакате и прифатите себеси. Прекрасно е да се биде во пар, но исто така е важно да се биде свесен за вашата вредност. Таквата енергија отвора простор за љубов.

Овие денови, некои неочекувани информации можат да ви помогнат да развиете подобар однос со саканата личност, а пред се со себе.

Близнаци

Повеќе ќе бидете фокусирани на кариерата и пријателите отколку на саканата личност. Обидете се да го вклучите партнерот во вашето секојдневие.

Но, ако се прашувате дали треба да го направите тоа, време е да се запрашате дали личноста со која сте во врска е некој што ве исполнува или само поминувате време со него.

Рак

Никогаш не треба да се чувствувате како вашата емотивна врска да ве кочи. Никогаш не треба да се откажувате од вашите соништа само за да бидете личноста што му треба на вашиот партнер.

Дајте си дозвола да ги остварите вашите соништа и желби, наместо постојано да се прилагодувате на желбите на саканата личност заради „мирот во куќата“. Ти си должен да си го направиш животот бајка.

Лав

Забавно е да искажувате љубов на некого, но погрижете се да не ги занемарувате разговорите поврзани со иднината на вашата врска и решавањето на проблемите кои се неизбежни кај сите парови.

За време на таканаречената розова месечина, разговорите стануваат неопходни за одржување и зајакнување на вашата врска. Можно е вашата романтична врска да ја подигнете на повисоко ниво.

Девица

Не очекувајте вашиот партнер да научи да „ги чита мислите“ и да постапи соодветно. За време на „розовата месечина“ ќе сакате саканата личност да биде романтична кон вас и да ви ги исполни неискажаните желби.

Вага

Заздравувањето на емоционалните рани е тешко, бидејќи доаѓа во бранови. Токму кога мислите дека сте излечиле се што ве боли, универзумот ви претставува нови предизвици. Но, понекогаш тие предизвици се за да се види колку далеку сте стигнале.

Не ги отфрлајте новите почетоци, околу вас има толку многу романса што немате друг избор освен да ја прифатите и да уживате во неа.

Шкорпија

Подготвени сте за голем спектакл во вашиот емотивен живот. Во овој период може да се случат неочекувани сознанија кои ве инспирираат да почувствувате и страст и стабилност во исто време.

Кога станува збор за љубовта, универзумот сега ќе биде апсолутно на ваша страна; ќе ги имате двете нозе на земја додека ја градите љубовната приказна од вашите соништа.

Стрелец

Иако сакате да ги слушате советите на членовите на семејството и пријателите, кога станува збор за љубовта, секогаш на крајот го слушате своето срце. За многумина Стрелци ќе има промени на емотивното поле, но тоа значи дека сте подготвени да внесете некои новитети кои ќе ви бидат лековити. Прифатете ги без двоумење.

Јарец

Треба да разговарате со себе и искрено да признаете што ви носи радост. Ако вашата емотивна поврзаност е ваш приоритет, тогаш времето и трудот вложени во тој сегмент треба да дадат резултати. Ако е поинаку, размислете добро дали сте на вистинскиот пат со вистинската личност.

Исто така, не ја потценувајте моќта на емоционалната ранливост. Колку побрзо ја прифатите вашата емотивна страна овие денови, толку подобро ќе биде за avs.

Водолија

Нова можност за љубов или нова авантура е веднаш зад аголот. Напливот на енергија кој одамна не сте го почувствувале ќе ви помогне да ги ресетирате вредностите, да водите важни разговори на тема љубов, па дури и да ја прифатите трансформацијата што толку долго ја одбивате.

Можеби изгледа дека многу работи се случуваат во исто време, но не заборавајте дека сè што се случува е всушност за ваше добро.

Риби

Секогаш сте расположени за романса, но сега станувате посериозни и учите да барате од вашата сакана она што ви треба. Ова е тешко за вас, но истовремено сте свесни дека ваков отворен разговор е неопходен.

реклама