Младиот Дарен Ингланд (37) е одреден за главен судија на реваншот од 1. квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу Струга Трим Лум и Жалгирис. Меч кој се игра на стадионот “Билјанини Извори“ во Охрид, на 18 јули со почеток од 17 часот.

Станува збор за иако млад, за премиерлигашки судија, кој минатата сезона судел на повеќе мечеви во Ппремиер Лигата, но и како ВАР судија. Инаку тој своето деби на евро сцената го има лани ова време кога и станал ФИФА судија.

Негови помошници на дуелот Струга Трим Лум – Жалгирис, исто така од Англија, ќе бидат Ли Бетс, Даниел Робатан, Мајкл Салисбери.

Да потсетиме дека на првиот дуел од овој двомеч, кој се игра во вторник во Виљнус, главен судија ќе биде Елчин Масијев од Азербејџан./Sportmedia/

Прикажи повеќе