Амбасадата на Украина во земјава преку соопштение информира дека нападот на Украина од страна на Русија се случил од неколку страни, меѓу кои и од Крим.

Во соопштението се наведува:

Од страна на окупираниот полуостров се случи движење на руска воена опрема

Како што информираат од Државната гранична служба, агресијата на Русија се случи денеска околу 5.00 часот.

Нападот исто така се случи и од страната на ТОТ на Автономната Република Крим.

Во моментов преку административната граница се евидентира движење на воена опрема од полуостровот.

Ќе потсетиме дека во Луганската, Сумската, Харковската, Чернигивската и Житомирската област, нападите врз граничните единици, граничните патроли и контролните пунктови се вршат со употреба на артилерија, тешка техника и огнено оружје.

Прикажи повеќе