Новиот македонски прволигаш Гостивар се засили со поранешниот турски репрезентативец Алпер Потук кој долги години со успех го носеше дресот на Фенербахче.

Офанзивниот играч за врска доаѓа како големо засилување за гостиварци во пресрет на почетокот на новата сезона.

Тој денеска од Истанбул доаѓа за Скопје, а потоа ќе се упати и кон клупската база во Гостивар.Раководството на клубот од него очекува да биде главна алка на тимот во битката во елитата

Прикажи повеќе