Карлос Алкараз и натаму е тенисер број еден во светот, но неговата предност во однос на Новак Ѓоковиќ е намалена за 300 поени, така што сега Шпанецот има 580 поени повеќе од второпласираниот Ѓоковиќ.

Поради малата активност на тенисерите, по завршувањето на Вимблдон, врвот на АТП не претрпе промени, па така Медведев останува на третото место, Руд е четврти, па следуваат Циципас, Руне, Рубљев…

Мал пад од четири места забележа нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски. 19-годишниот Македонецот сега е на 335 место на АТП, а втор наш најдобар тенисер е Горазд Србљак кој е на 1.127. место.

Прикажи повеќе