Екипата на Алкалоид во својот премиерен настап во Суперлигата забележа историски успех и сезоната 2022/23 ја заврши како вицешампион на Македонија. Големиот успех на младиот тим предводен од Кирил Лазаров донесе и директен настап во групната фаза од Европската лига, а денес Алкалоид ги дозна ривалите во своето прво меѓународно искуство во клупската кариера.

Во седиштето на Европската куќа на ракометот (ЕХФ) попладнево се одржа ждрепката за новата сезона во второто по ранг ракометно натпреварување во Европа, а нашиот вицешампион истата ја пречека од вториот шешир.

Новата сезона во Европската лига ќе претрпе промени во форматот, овој пат групите ќе ги сочинуваат четири екипи, па така Алкалоид за плaсман во втората групна фаза ќе се бори со Силкеборг, Натурхаус Ла Риоха и Војводина.

Натпреварите од групната фаза на Европската лига ќе се играат од средината на октомври до средината на декември. Вкупно 32 екипи ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи од кои двете подобро пласирани, вкупно 16 продолжуваат во нова групна фаза.

Групна фаза ЕЛ:

Група А: Нант, Кртистијанштад, Бенфика, Вардар/РНЛ

Група Б: Жабже, АЕК, Криенс Луцерн, Истат/Хановер

Група Ц: Куенка, Горење, Савехов, Агуаш Санташ/Винтертур

Група Д: Нексе, Бистрица, Скјерн, Тримо/Брага

Група Е: Кадетен, Елверум, Флензбург, Ловќен

Група Ф: Силкеборг, Алкалоид, Ла Риоха, Војводина

Група Г: Фуксе Берлин, Динамо Букурешт, Шамбери, Извиѓач

Група Х: Спортинг, Татабања, Глогов Хробри, Констанца/Гранољерс