Кога Езџан Алиоски замина во Ал-Ахли пред две години сите се прашуваа дали ќе си ја упропасти кариерата во Саудиска Арабија. Една сезона одигра за Ал-Ахли, а потоа беше позајмен на Фенербахче. Сега повторно е во Ал-Ахли, кој се врати во елитата, но сега сѐ е поинаку.

Во тимот има многу ѕвезди од Премиер-лигата. Нови соиграчи на Алиоски станаа Роберто Фирмино, Ријад Марез, Едуард Менди, а друштвото на странски засилувања го заокружува Ријад Будебу. Тимот доби и нов тренер, Матијас Џасл, кој досега го предводеше Салцбург.

Прикажи повеќе