Тимот на Шкупи од лето останува без еден од своите најдобри играчи. Јужноамериканецот Фреди Алварез го напушта Чаир и се сели на егзотична фудбалска дестинација. Се работи за тимот на Патхум Јунајтед инаку, прволигаш од Тајланд, за кој во моментов настапува и некогажниот играч на Пелистер односно Шкендија, бразилецот Жуниор.

Алварез периодов е алфа и омега во тимот на Шкупи, со клубот од Чаир ја освои и шампионската титула во ПМФЛ, а играше и забележителна улога во Европа. Постигна грст голови за Шкупи, дел од нив беа особено убави од слободни удари, каков што постигна пред само десетина дена во Кратово против Силекс.

Сепак, очигледно дека по губењето на титулата сезонава, на Чаир ќе има реконструкција на тимот, и дел од играчите ќе го напуштат Шкупи./SPortmedia.mk/

Прикажи повеќе