Постојат разни симптоми кои се малку познати, но нивното рано препознавање може да помогне во навремено откривање сериозни здравствени проблеми.

Советот на британскиот стручњак, д-р Дебора Ли, гласи: посетување лекар ако таа болка трае повеќе од 20 дена. Болката е предизвикана од притисокот на туморот врз коските, нервите или некои други делови на телото. Исто така, болката може да биде различна, а зависи од тоа каде се наоѓа туморот и во која фаза е тоа.

Ако почувствувате болка во Вашето тело кога се обидувате да заспиете, постои можна опасност да имате некој вид рак. Болката се појавува навечер при легнување и тоа е еден од најчестите симптоми на рак… Ноќе може да има многу поголема непријатност бидејќи тогаш ракот расте побрзо. Кога ќе легнете, тој ја менува распределбата на тежината на туморот и околните ткива, што често предизвикува болка, појаснува, д-р Ли.

Таа додава дека оваа болка не мора да значи дека човекот има рак, па се препорачува и проверка на други симптоми, како што се губење тежина и апетит, слабост и исцрпеност, гадење и повраќање и висока температура.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.