Најдобриот грчки кошаркар Јанис Адетокумбо најверојатно ќе го пропушти Светското Првенство кое од 25. август се одржува на Филипините, Јапонија и Индонезија.

Неговиот настап е неизвесен поради операција на коленото. Но, Грците се надеваат дека тој сепак во последен момент би можел да влезе во ростерот.

Иако се работи за рутински зафат на менискусот, сепак, препораките на клубот се тој да не игра за Грција на Светското првенство ова лето. Сепак, конечната одлука Јанис Адетокумбо треба да ја донесе на почетокот на август.

Селекцијата на Грција на Мундобаскет се наоѓа во групата Ц, заедно со САД, Нов Зеланд и со Јордан./Makfax/

Прикажи повеќе