Австралиската Влада денеска официјално им се извини на жртвите на талидомид, лекот што предизвика деформитети кај илјадници деца ширум светот од 1950-тите до 1960-тите.

Продажбата на тој лек без рецепт за утринска мачнина кај трудници и за несоница се претвори во најголемата трагедија предизвикана од производите на фармацевтската индустрија.

„Им должиме извинување на Австралијците, жртвите на талидомид, и Австралија денеска конечно се извинува за едно од најтемните поглавја во нејзината историја“, рече премиерот Ентони Албанес во Парламентот, по повод 62-годишнината од повлекувањето на лекот од пазарот.

Околу 150 преживеани во Австралија добиваат владина поддршка. Откако беше најавен како „чудесен лек“, талидомидот се препишуваше од 1956 година како седатив за ублажување гадење кај трудниците.

Од 1957 до 1961 година, лекот го користеле околу пет милиони жени во околу 50 земји.

Неколку десетици илјади новороденчиња починаа поради различни метаболички нарушувања. Не е познат бројот на абортуси што мајките ги правеле во страв и паника. Во Австралија, гинекологот Вилијам Мекбрајд бил првиот што го вклучил алармот во 1961 година, откако забележал заостанат развој и деформации на фетусот кај трудниците кои го земале лекот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.