Фудбалерите на Динамо Загреб имале чуден и по малку непријатен лет кон Казахстан на реванш натпреварот од 2. коло од квалификациите за Лигата на шампионите (ЛШ) против Астана, откако нивниот авион во еден момент станал невидлив за радарските служби.

„Модрите“ полетале од аеродромот во Загреб и летале над Србија и Бугарија, но кога биле некаде над Црното Море, едноставно исчезнале од радарот. Паника, сепак, немало бидејќи причина за исчезнувањето е фактот што летале над Украина, каде што е воена состојба и каде што не било можно да се видат на радарот. Тие по повеќе од еден час повторно се појавиле на радарот во Грузија, за на крај по пет ипол часа лет стигнаа на крајната дестинација во Астана.

Динамо Загреб е на чекор до третата квалификациска пречка од ЛШ, со оглед што на првиот меч го победи казахстанскиот ривал со убедливи 4-0. /Sport1.mk/

Прикажи повеќе