„Апсолутно, утре наутро ќе имаме средба со премиерот Курти, вие го знаете ставот на владата на Црна Гора, секогаш предност даваме на дијалогот, исто така ако можеме да бидеме пријатели да дадеме мал придонес за да седнеме на маса, било во Црна Гора ние сме спремни да помогнеме. Се разбира дека тоа предизвика не многу посакувана ситуација во регионот, во Црна Гора нема многу коментари околу прашањето со Косово, но сите сме заинтересирани за мир, сите сме заинтересирани за соработка, да се најде модел кој ќе биде стабилен и долгорочен, се надевам на туристичка сезона без тензии кои можат да се запостават или елиминираат наредните недели. Со најголемото задоволство ќе зборувам со премиерот Курти, потоа ќе имам повеќе информации, но кога сме кај Црна Гора ние сме тие кои секогаш промовираме регионална соработка со сите земји од Западен Балкан и сме спремни да дадеме придонес, макар минимален за мир и стабилност“, рече Абазовиќ.

Што конкретно ќе зборувате со Курти, каде гледате решение, дали можете да кажете некој детал?

„Не можам да зборувам за деталите од разговорот, но тоа што би сакал да го видам е голем договор помеѓу меѓународниот фактор и владите на Косово и Србија, мислам дека тоа оди во полза на сите, но фактички треба да признаеме дека ставовите се различни на Косово, Црна Гора и другите земји. Убеден сум дека со г. Курти во отворен пријателски и братски разговор можеме да покажеме како можеме и ние да дадеме мал придонес, ако има потреба да се каже нешто на другата страна или меѓународниот фактор што треба да се истакне, јас сум спремен“, изјави Абазовиќ. /Алсат.мк

Прикажи повеќе