Пишува: Рамадан Рамадани
Ова не е наслов од крвавите пресметки од минатиот век туку наслов за гротескен крај на еден обид за политичка кариера. Со поставувањето на многу пати оспоруваниот споменик на Ќосето градоначалничката на Скопје, секако симболично и политички, беше заколена токму од овој паметник. Сосема на крајот на еден импотентен и заглавен мандат во кои таа имаше само петинг одлуки за онеспособување на Градот Скопје преку политичка подршка од разни идимидојди советници си даде себеси еден симболичен автогол во време кога веќе нема простор, рок и никакви можности за пресврт.
Споменикот на Ќосето со сета агресивност и кама во раце никогаш не беше функционална меѓуетничка провокација туку беше оспоруван интраетнички, затоа што на крајот на краиштата овој историски лик го бил заклал својот роден брат. Така и ова со поставувањеето на овој споменик си ги закла своите најверни подржувачи и јавност во последната година во која самата си тераше една излезна стратегија на виктимизација и префрлање на одговорност: СДСМ и опозиционо настроената јавност во Скопје и земјата. Така сите кои ја подржуваа како мајка, жена па и немоќна функционерка со еден замав на камата беа сотрени токму од нејзе. Гледајќи ја како плаче и солзи рони а при тоа има таков јазик и дискурс сите чекаа да биде уќуткана, неутрализирана или сосема „заклана“ од Власта, Колаицијата Вреди или некој од иљадите директори кои таа ги смени или па тие ја заменија нејзе, ама таа вака се „самозакла“.
Секој кој ги знаеше нејзините политички ментори од ДУИ, опозициони подржувачи од типот, ете се нашло нешто па да ја подржиме против власта, не очекуваа дека можат да претрпат некоја политичка штета од нејзина подршка или бодрење ама со Ќосето токму тоа се случи. Посебно после нејзиниот последен обид кога со сомнителни методи превзеде една регистрирана политичка партија и се обиде на парламентари избори да се етаблира. При што како што знаеме освои гласови недоволни ни за еден градски советник. Сите тие партии и страни имаа политички сенс за да знаат дека подржуваат остаток од обид за политичка кариера или политичка урнатина и беа сигурни дека нема да претрпат никаква политичка штета од ова подржување ама ете испадна дека овакво пребивање и засолнување во политичка урнатина не е безопасно. Ни за краток временски период. ДУИ преку ова трајно го надена прекарот Ќосето кој обилно ќе се искористи во кампањата за престоечките локални избори во Скопје и пошироко. СДСМ па преку нејзе и единствената меѓународна подршка за неа од тој бугарскиот европратеник доживеа една пост-вистинитост на фејк њус за нејзино бугарско државјанство. Кое прв пат беше спомнувано токму од СДСМ во кампањата против нејзе.
Но, зошто овој политички колеж е тажен крај се однесува на фактот дека ова ќе се одрази на сите независни кандидати и листи во престоечките локални избори. Сите четири страни и партии кои и така се здружени да остават правни и политички пречки за независните изглегоа ќар во ова нејзино самозаколување. Навистина и независно тажно!