Јапонија денеска почна да испушта прочистена радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима во Тихиот Океан, потег што Кина повторно остро го критикува како „себичен и неодговорен“.
Ослободувањето, кое беше одобрено пред две години од јапонската влада и дадено зелено светло од Агенцијата за атомска енергија на Обединетите нации, е клучен чекор во долгиот и тежок процес на деактивирање на нуклеарната централа Фукушима.
Токио Електрик Пауер (Тепко), која управува со централата, соопшти дека ослободувањето започнало во 13:03 часот по локално време и дека не откриле неправилности со пумпата или околните објекти.
Сепак, Кина го изрази својот гнев пред да почене да се испушта водата.
Портпаролот на кинеската агенција за нуклеарна безбедност денеска ја нарече јапонската влада „крајно себична и неодговорна во насилното иницирање на испуштањето… ставајќи ги сопствените себични интереси над благосостојбата на целото човештво“.