Германскиот канцелар, Олаф Шолц, најави дополнителни испораки на оружје за Украина, но во исто време ја оправда сегашната воздржаност кога станува збор за воената помош за Украина поради опасност од големи конфликти, објавија германските медиуми.

Advertisements

„Правам сè што можам за да избегнам ескалација што може да доведе до Трета светска војна“, рече денеска германскиот канцелар Шолц во интервју за неделникот „Шпигел“.

Тој објасни дека негова задача е да направи сѐ за да избегне директна конфронтација меѓу НАТО и Русија. Во исто време тој најави дополнителни испораки на оружје за Украина.

– Можностите на Бундесверот да испорача оружје на Украина од сопствениот арсенал се исцрпени. Но, ние секако ќе го испорачаме она што ни е достапно – изјави Шолц.

Во тој контекст, канцеларот ја спомена и директната испорака на оружје за Украина преку Словенија. Според договорот Словенија на Украина треба да ѝ испорача тенкови од советско потекло, а за возврат Германија на Словенија би ѝ испорачала помодерни оклопни возила.

Прикажи повеќе