Хамас објави дека палестинска затвореничка се уште е во затвор, а според договорот со Израел таа требаше да биде ослободена, пренесува Ynet. Одделот за затвореници на Хамас потврди дека тие работат со посредници и Црвениот крст за да извршат притисок врз Израел да се придржува до договорената листа на затвореници.
Во согласност со условите од договорот, израелската затворска служба синоќа ослободи 90 палестински безбедносни затвореници, откако првите тројца заробеници беа вратени од Газа. Меѓу затворениците имало 78 жители на окупираниот Западен Брег и 12 жители на окупираниот Источен Ерусалим. Меѓу ослободените има 69 жени, меѓу кои една малолетна, осум малолетни момчиња и 12 мажи осудени за кривични дела како што се поистоветување со тероризам и немири.
За време на првата фаза од договорот за прекин на огнот, планот е да се ослободат вкупно речиси 2.000 затвореници. Голем дел од затворениците Израел ги држи во таканаречен административен притвор, што значи дека против нив не се води кривична постапка, туку може да се држат на неодредено време.
Текстот Хамас: Палестинка која според договорот требаше да биде ослободена, се уште e во затвор во Израел е превземен од МАКФАКС.