Оваа посета на Кијив на денот кога се одбележува втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина е со цел да му оддадеме признание на извонредниот отпор на храбриот украински народ, изјави утрово претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по пристигнувањето во украинскиот главен град.
Таа на социјалната мрежа Х напиша дека „повеќе од кога било, ние цврсто стоиме покрај Украина. Финансиски, економски, воено, морално. Додека земјата конечно не се ослободи“.
In Kyiv to mark the anniversary of the 2nd year of Russia’s war on Ukraine.
And to celebrate the extraordinary resistance of the Ukrainian people.
More than ever, we stand firmly by Ukraine.
Financially, economically, militarily, morally.
Until the country is finally free. pic.twitter.com/ZLWMbOxVFh
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) February 24, 2024
Фон дер Лајен за време на денешниот престој во Кијив е придружувана од премиерите на Белгија, Александер Де Кро, на Италија, Џорџа Мелони и на Канада, Џастин Трудо, кои според најавата ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со премиерот Денис Шмихал, ќе положат венци на Ѕидот за сеќавање на загинатите украински бранители во војната со Русија, ќе го посетат аеродромот „Антонов“ во Хостомел, каде ќе имаат средба со припадниците на украинските Вооружени сили кои го бранат објектот, како и да се сретнат со група украински студенти.
Во пресрет на втора годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, Фон дер Лајен во заедничката изјава на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола порачаа дека ЕУ останува на својата определба секогаш да ја поддржува независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата во нејзините меѓународно признати граници.
Г. Т.