Унгарија ќе го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, а ќе ја води под слоганот „Да ја направиме Европа повторно голема“, што е копија на слоганот на Доналд Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“.
Паролата ја откри унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока на прес-конференција во пресрет на почетокот на претседавањето.
На прашање зошто Будимпешта го избрала тој слоган, тој рече дека целта на унгарската Влада е да спроведе „активно претседавање“ со Унијата во втората половина на годината, објави Блумберг.