По повод успешното усвојување на заедничкото коминике за мир за Украина што го поддржаа осумдесет земји во светот, украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир, на социјалните мрежи сподели линк од содржината на документот.
„Заедничко коминике за основите на мирот, кое беше поддржано од учесниците на Глобалниот самит за мир за Украина – http://surl.li/unvoj. Високо го цениме учеството и поддршката на Претседателката на Северна Македонија“, напиша амбасадорката Дир.
Заедничко коминике за основите на мирот, кое беше поддржано од учесниците на Глобалниот самит за мир за Украина – https://t.co/zEA1ELJ0bN
Високо го цениме учеството и поддршката на Претседателката на Северна Македонија @gogamkd #StandWithUkraine pic.twitter.com/pKPyoIdgO0— Larysa Dir (@dir_larysa) June 16, 2024
Претходно, ЦИВИЛ МЕДИА ја преведе и објави содржината на заедничкото коминике.