Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на новинарите дека „Мајкрософт“ во моментов е во преговори за купување на кинескиот „Тик Ток“ и дека би сакал да започне натпревар во врска со апликацијата.
„Мајкрософт“ одби да ја коментира неговата изјава. Ниту „Тик Ток“, ниту „Бајт Денс“ веднаш не одговорија на Ројтерс за коментар надвор од редовното работно време.
„Тик Ток“, кој има околу 170 милиони американски корисници, накратко беше отстранет од интернет непосредно пред да стапи на сила законот на 19-ти јануари со кој се бара од кинескиот сопственик „Бајт Денс“ да го продаде или ќе се соочи со забрана за неговата употреба поради национална безбедност.
По преземањето на функцијата на 20 јануари, Трамп потпиша извршна наредба со која се предвидуваше 75-дневно одложување на спроведувањето на законот.
Американскиот претседател минатата недела рече дека разговарал со неколку луѓе за купување на „Тик Ток“ и дека најверојатно ќе донесе одлука за иднината на популарната апликација во рок од 30 дена.
Тој претходно изјави дека е отворен за можноста милијардерот и извршен директор на „Тесла“, Илон Маск, да ја купи апликацијата доколку сака, но Маск јавно не ја коментираше понудата на Трамп.
Текстот Трамп тврди дека „Мајкрософт“ е во преговори за купување на „Тик Ток“ е превземен од МАКФАКС.