„За здрави животни се потребни здрави застапници“ е годинашното мото на Светскиот ден на ветеринарната професија, што денеска се одбележува и во земјава.

Advertisements

Од Ветеринарна комора на Република Северна Македонија велат дека овогодинешната важна тема за промовирање е благосостојбата меѓу докторите по ветеринарна медицина и другите членови на тимот за здравствена заштита на животните.

-Светската ветеринарна асоцијација (WVA) го создаде Светскиот ден на ветеринарната професија во 2000 година. Се одржува во последната сабота од април, и претставува годишно одбележување на придонесот што докторите по ветеринарна медицина, ширум светот го даваат за унапредување на здравјето на животните, луѓето и животната средина. Од 2019 година, WVA соработува со HealthforAnimals, глобалната асоцијација на индустријата за здравје на животните. Докторите по ветеринарна медицина се задолжени животните да имаат глас и застапник, кој прави нивната благосостојба да биде приоритет и како и нивните пациенти, докторите по ветеринарна медицина имаат потреба од соодветни алатки и поддршка за да го одржат своето лично здравје и благосостојба, се наведува во соопштението од Ветеринарна комора.

Оттаму посочуват дека благосостојбата на ветеринарните професионалци е едно од најважните прашања со кои се соочува професијата денес.

Темата на овогодинешниот Светски ден на ветеринарството, како што велат од Ветеринарна комора, ќе помогне да се привлече глобалното внимание на ова важно прашање и да се прослават тековните напори и иницијативи кои се спроведуваат низ професијата за да се помогне во зајакнувањето на ветеринарната благосостојба.

-Сега, повеќе од кога било, од клучно значење е да ја поддржиме благосостојбата меѓу нашите колеги и нивните тимови, кои направија таква извонредна работа во услови на најлошата јавно здравствена криза во повеќе од еден век. Почитувајте го и прославете го Светскиот ден на ветеринарната професија со различни активности, бидејќи целта на одбележувањето на овој ден е да се промовира ветеринарната професија пред пошироката јавност и да се привлече вниманието на телевизиските и други различни форми на социјални медиуми, се наведува во соопштението од Ветеринарна комора.

Минатата година, темата на Светскиот ден на ветеринарството беше „Ветеринарен одговор на кризата КОВИД-19“. AVMA ја освои наградата за Светски ден на ветеринарството за 2021 година за нејзиниот одговор на пандемијата