Блискиот исток е на „работ на бездна“ како резултат на војната меѓу Израел и Хамас, изјави високиот комесар при ОН за бегалци на Блискиот Исток, Филип Лазарини за Би-Би-Си.
Според него, насилството може да се прошири низ целиот регион.
Предупреди за лошата ситуација за цивилите во Газа, повикувајќи повторно на коридори за хуманитарна помош на територијата.
„Светот сега ја губи својата човечност“, рече Лазарини.
Во ексклузивното интервју за Би-Би-Си, тој ги повтори повиците за коридори за хуманитарна помош, велејќи дека помошта „реба да биде непрекината за да им се помогне на луѓето во Газа.
Го осуди нападот на Хамас врз Израел, нарекувајќи го „ужасен и варварски масакр“ што создаде „национална траума, колективна траума во Израел“.
„Но, овој настан сè уште не оправдува дека војната се води без никакво ограничување. И не верувам дека убивањето уште повеќе цивили е во интерес на идната безбедност и мир овде во регионот“, посочи Лазарини.
Според него, во ситуација кога е побарано повеќе од еден милион луѓе да бидат раселени, тоа е колективна казна, а колективната казна е кршење на меѓународното хуманитарно право.