Сан: Фон дер Лајен ќе се кандидира за генерален секретар на НАТО

Британскиот таблоид Сан доцна во петокот објави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен е кандидат за нов генерален секретар на НАТО алијансата. Британските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, пишуваат дека дел од членките на НАТО ја предложиле Германката да го преземе раководството во октомври годинава, откако ќе отстапи Норвежанецот Јенс Столтенберг.

Advertisements

Германски Велт ам Зонтаг напиша дека меѓу кандидатите се и актуелниот британски министер за одбрана Бен Валас и шпанскиот премиер Педро Санчез. Сан го споменува и актуелниот британски премиер Риши Сунак, а како кандидати се споменуваат и естонската премиерка Каја Калас и канадската министерка за финансии Кристија Фриланд.