Руски ракетни напади погодија станбени згради и рекреативен центар во Одеса, при што загинаа 19, а десетици други лица беа повредени. Видео од нападот покажува запалени урнатини.

Advertisements

Нападот уследи по повлекувањето на руските сили од Змискиот остров во Црното Море. Но, Кремљ негираше дека биле нападнати станбени згради.

Во меѓувреме, во украинскиот парламент во Киев, беше потпишана изјава за намерата на земјата да се зачлени во ЕУ. Зеленски им се обрати на пратениците велејќи дека Украина се бори да спречи трагични утра како денешното во Одеса.

“Украина се бори за изборот на своите вредности: да биде независна држава во големо семејство, во слободно семејство, нова држава во европско семејство. Украинците мора да ја бранат својата независност со оружје во рака“, рече Володомир Зеленски, претседател на Украина.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека Украина сега има „многу јасна европска перспектива“ по одлуката на Европската унија да ѝ додели статус на земја-кандидат.

“Украина е земја кандидат за влез во Европската унија, нешто што се чинеше речиси незамисливо пред само пет месеци“, рече Урсула фон дер Лејен, претседателка на Европската комисија.

Украина поднесе барање за членство во ЕУ само пет дена откако Русија ја започна инвазијата на 24 февруари. Кандидатски статус на 23 јуни./Alsat.mk

Шкелзен Аќифи