Рама тоа го кажа по враќањето од самитот на НАТО одржан во Мадрид.
Advertisements
Пристаништето Порто Романо е планирано да биде најголемото трговско пристаниште на Јадранското Море, но Рама кажа дека ќе има и воен дел.
„Наскоро се враќаме во Брисел за да ги продолжиме разговорите за нашиот предлог за формирање поморска воена база на НАТО во новото пристаниште во Драч“, кажа Рама, а пренесуваат албанските медиуми.
Тој додаде дека воената база ќе ја градат и кофинансираат Албанија и НАТO
Сепак, тоа не би била единствена база на западната воена алијанса во Албанија. Таа веќе ја гради својата воздушна база во Кучова, 80 километри јужно од Тирана.