Неколку стотици граѓани се собраа на 12 август во Бујановац, на протестот на припадниците на албанската заедница од југот на Србија наречен „Идентитет и достоинство“.

Протестот беше организиран од Националниот совет на Албанците, со цел да се истакнат проблемите со кои се соочува албанската заедница.

Претседателот на Советот, Невзад Лутфиу, истакна дека албанската заедница се соочува со пасивизација на адресите, и со проблем со нострификација на дипломите во Србија. Тој додаде дека протестите ќе продолжат, бидејќи како што вели „немаме друг избор“.

„Ја повикуваме Меѓународната заедница сериозно да ги сфати нашите барања. Нашите дипломи не се признати во Србија, но тие се признати во Германија. Нашето население умира, нашите млади луѓе бегаат. Нивните адреси се пасивни. Ова мора да престане“, рече Лутфиу. рече.

Организаторите велат дека со собирот сакале да ги потсетат властите во Белград на обврските кои Владата на Србија ги презела потпишувајќи три договори со претставници на албанската заедница, особено последниот потпишан договор од седум точки.

На протестот присуствуваа и претставници на политичките партии на албанското национално малцинство, кои исто така беа поканети на средбата – Партијата за демократска акција на Шаип Камбери, Демократската партија на Нагип Арифи и Движењето за демократски напредок на Шќиприм Муслију.