Дербито меѓу Шкендија и Струга Трим Лум е одложено, па во фокусот на денешното второ коло од Првата фудбалска лига ќе биде пресметката меѓу Вардар и Шкупи. Двете екипи доживеаја порази на стартот, Вардар загуби од Брера во Струмица со 1-0, а Шкупи токму на стадионот „Борис Трајковски“ каде ќе игра и денеска, беше поразен од Работнички со 3-1.
Шкупи е во трансформација, доведе три нови засилувања изминатата недела, но и ги продаде Реналдо Цефас и Валид Хамиди. Можеби ќе треба малку време за да профукционира новиот напад со Армин Хоџиќ, Нилтон Родригез и Луан Абази. Вардарци конечно ги регистрираа сите странци, Матеус, Педрињо и Алберт, па тренерот Бобан Грнчаров ќе има многу поголем фонд за избор на тимот на денешното дерби.
Интересно ќе биде и во Кратово. Работнички зеде залет по триумфот над Шкупи, а дефанзивецот Егзон Белица порача дека „романтичарите“ сакаат три бода и од Кратово.
Брера Струмица ја пречекува Воска Спорт и после триумфот над Вардар посакува и втор успех. Гостивар на домашен терен го пречекува Тиквеш, а Македонија ЃП во Ѓорче Петров ќе биде домаќин на Брегалница.
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА – 2. КОЛО (денеска, 17 часот)
ВАРДАР – ШКУПИ
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
АП БРЕРА – ВОСКА СПОРТ
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (30.август)