Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја укинува вонредната состојба во земјата што беше воведена пред четири години, по нападите врз коптските цркви.

Advertisements

„Благодарение на нашите големи и лојални луѓе, Египет стана оаза на безбедноста и стабилноста во регионот. Затоа одлучив да не ја продолжувам вонредната состојба низ целата земја“, објави Сиси на својата официјална страница на Фејсбук.

Вонредна состојба беше воведена низ цел Египет во април 2017 година по крвавите напади врз коптските цркви, за кои одговорноста ја презеде екстремистичката група Исламска држава.

Прикажи повеќе