Градските власти во Пекинг ги затворија игралиштата поради загадениот воздух, во време кога Кина го зголемува производството на јаглен среде конференцијата на ОН за климатски промени (COP 26), што се одржува во Глазгов.

Advertisements

Кина, како најголем загадувач на воздухот во светот, е цел на критики на конференцијата во Глазгов поради отсуството на претседателот Си Ѓинпинг.

Во време кога земјите треба да преговараат за намалување на емисиите на стакленички гасови, кинеските власти неделава објавија дека го зголемиле производството на јаглен за милион тони дневно.

Земјата, која е 60 отсто зависна од јаглен за производство на електрична енергија, се соочи со прекини на електричната енергија во последните месеци и соодветно ја зголеми експлоатацијата на јаглен.

Поради тоа денеска густа магла го покри Пекинг, каде видливоста е намалена на околу 200 метри.

Прикажи повеќе