23-годишна девојка почина сред операција во италијанскиот град Черињола. Кога ја чуле тажната вест нејзините роднини со боксови ги нападнале вработените во клиниката.
Педесетина луѓе упаднале во одделението, а дваесетина од нив се судриле со медицинскиот персонал. Хирургот бил удрен со тупаница во лицето и се здобил со рани. Исто така му ја скршиле раката на еден лекар. Другиот персонал успеал да се сокрие и да повика полиција.
Полицајците дошле и веднаш започнале истрага за овој инцидент.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.