Најмалку 99 лица загинаа во пожарите на Хаваите, изјави гувернерот Џош Грин, додавајќи дека бројот на жртви може да биде значително поголем. Овие пожари се најсмртоносните во САД во последните 100 години, објави „Гардијан“.
Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите и спасувачките екипи пребаруваат низ остатоците од историскиот град Лахаина. Грин рече дека обемот на штетата од пожарот е „неверојатен“.
Пожарот ги уништи речиси сите згради во градот со 13.000 жители. Со повеќе од 2.700 оштетени или уништени објекти и изгорени повеќе од 2.100 хектари земја, Федералната агенција за управување со вонредни состојби ги процени трошоците за обнова на Лахаина на 5,5 милијарди долари. На жителите на Лахаина им е дозволено да се вратат во градот.