НАСА лансираше микросателит во вселената, што едвај поголем од микробранова рерна како дел од програмата за враќање на човечки екипаж на Месечината.
Ракетата што го носеше малиот модул „Капстон“ беше успешно лансирана од новозеландскиот полуостров Махија.
Нашиот неверојатен тим штотуку го испрати Капстон на траекторија во орбитата на Месечината – изјави Бредли Смит од НАСА.
Ако се биде според планот, „Капстон“ ќе се пресели во праволиниска орбита околу Месечината за четири месеци. Најблиската позиција за време на орбитата ќе биде оддалечена околу 1600 километри од Месечината, а најдолгата на околу 70.000 километри.
„Капстон“ треба да орбитира околу природниот сателит на Земјата најмалку шест месеци за научниците подобро да ги разберат карактеристиките на орбитата, односно, како што велат од НАСА, ќе покаже дали моделите на НАСА одговараат на реалната потреба за моќ и погон за да се одржи орбитата.
Овој мал сателит со тежина колку куфер е всушност пилот тест за „Гејтвеј“ на НАСА, кој би требало да орбитира околу Месечината и да служи како почетна точка за истражување на нашиот природен сателит.
„Гејтвеј“, исто така, треба да се користи за проучување на нашата планета, хелиофизиката, лунарната и планетарната наука, животните науки, астрофизиката и основните истражувања на физиката.
Со други зборови, како што пишува „Франс прес“, ќе овозможи подобар увид во тие науки бидејќи ќе овозможи подобар поглед на Земјата, Сонцето, Месечината и универзумот од оној од површината на Земјата или од Земјината орбита.
Научниците се надеваат дека овој тип на орбита ќе се покаже како многу ефикасен бидејќи ја користи гравитациската сила на Месечината и Земјата за да ја намали потрошувачката на гориво.
Како дел од истиот проект, НАСА планира да ја испрати првата жена на Месечината. Проектот предвидува и планови за да се изгради лунарна база и да го искористи тоа искуство како отскочна даска за лет со екипаж до Марс.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.