Превкусно, а неправедно запоставено. Подгответе пире од моркови и уживајте.

Состојки:

3 моркови со средна големина
помало чешне лук
третина чаша бистра пилешка супа
две лажици слатка павлака
лажичка путер
сол, бибер

Морковите исчистете ги, исечете ги на парчиња и варете во солена зовриена вода додека не омекнат. Добро испасирајте ги, па додадете ја супата, лукот, путерот и слатката павлака.

Кратко матете со миксер, посолете, додадете бибер и веднаш послужете.

Добар апетит.