Витаминот Д навистина може да помогне во борбата против коронавирусот, сугерира студијата на израелските научници кои тврдат дека ги имаат најубедливите докази досега.
Претходните истражувања за врската помеѓу овој витамин и коронавирусот беа критикувани, бидејќи биле забележани само нивоата на витамин Д кога пациентот веќе бил во болница.
Познато е дека поради короната се намалува нивото на витамини, што според критичарите може да резултира со погрешни наоди.
За да се надмине ова ограничување, во нивната последна студија, истражувачите од Универзитетот во Бар Илан и медицинскиот центар Галилео ги испитувале досиејата на пациентите две години пред да им биде дијагностициран коронавирус.
Тие откриле дека луѓето на кои постојано им недостига витамин Д имаат и до 14. пати поголеми шанси да заболат од сериозната болест, а ги земале предвид и другите здравствени проблеми како и возраста на пациентите.
Витаминот Д е важен за помагање на имунолошкиот систем правилно да реагира на вирусот, велат научниците. Сепак, тие не можеле да докажат дека повисоките нивоа на витамин Д се единствениот фактор што влијае на подобри резултати на болеста кај пациенти со корона.
Д-р Амиел Дрор, доктор во RMC и еден од авторите на студијата, рекол дека резултатите се важни и за варијантата Омикрон, која ја прележале испитаниците во студијата.
Оваа студија се надоврзува на некои претходни, сугерирајќи дека „витаминот од сонцето“ може да помогне во заштитата од вирусот.
Витаминот Д, кој го има и во масната риба, црвеното месо, црниот дроб и жолчката од јајцето, го подобрува општото здравје и ги зајакнува коските и мускулите.
Недостатокот на витамин Д е ендемичен на Блискиот Исток, вклучувајќи го и Израел, каде што се смета дека речиси четири од пет луѓе имаат недостаток на витаминот.
Една израелска студија, објавена во списанието PLOS One, вклучувала набљудување на пациентите за време на првите два брана на пандемијата во земјата пред да биде широко распространета достапноста на вакцината.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.