Јан-Ленард Штруф денеска направи големо изненадување во Монте Карло, откако славеше со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 7-6 против Каспер Руд.
Еден од главните ривали на Новак Ѓоковиќ за титулата во Монте Карло играше ужасно против Штруф, па првиот сет го загуби за само 27 минути со 1-6.
Штруф доминираше и во вториот сет и поведе со 5-2, при што сервираше за победа, но Руд за момент се врати во игра и избори тај-брејк каде што подобар беше Германецот со 8-6.