Денешните руски ракетни и беспилотни напади врз Киев покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин не се подготвува за мир, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во денешните напади на пет квартови на Киев, најмалку едно лице загина, а тројца се ранети, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.

„Путин не се подготвува за мир. Тој продолжува да убива Украинци и да уништува градови. Само силни мерки и притисок врз Русија можат да стават крај на овој терор“, рече Зеленски.

„Она што ни треба сега е единство и поддршка на сите наши партнери во борбата за праведен крај на војната“, додаде тој.

Зеленски синоќа изјави дека е подготвен за размена на територија со Русија, како дел од можните мировни преговори под покровителство на Соединетите Американски Држави.

Текстот Зеленски: Нападите врз Киев покажуваат дека Путин не се подготвува за мир е превземен од МАКФАКС.