Здравствените работници утре излегуваат на протест пред Министерството за здравство за да го искажат незадоволството од непотпишувањето на анексот на колективниот договор.
Слободан Трендафилов, првиот човек на ССМ вели дека ова прашање треба итно да се реши веднаш по формирање на новата Влада.
За жал непотпишувањето значи дека не само што нема да се усогласат платите туку ниту дополнително да се зголемат и за жал креаторите на политките ги образуваат овие луѓе за потоа да работат веројатно во Германија. Тоа е најлошиот пример за Македонија, кога вие трошите ресурси за да образувате одредена категорија на работници потоа тие работници да ви заминат од државата поради мизерните плати. Во името на сите здравствени работници и сите здравствени работници треба да излезат на протестот имајќи предвид дека за плата се протестира, а доколку не им треба плата може удобно да си седат во своите канцеларии или домови, вели Трендафилов.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.