Израелската армија застрела 16-годишно момче откако тој избоде со нож Израелец во Западен брег.
Според соопштението на армијата и медиумите, израелските војници пукале во тинејџерот. Тој бил погоден во глава. Нападнатиот Израелец бил избоден во рамото и е хоспитализиран.
Инцидентот се случи на неколку километри јужно од Наблус, каде изминатиот период имаше насилни тензии помеѓу палестинските милитанти и израелските доселеници.
Од почетокот на војната во Појасот Газа по нападите на Хамас на 7 октомври, ситуацијата во Западен Брег значително се влоши. Оттогаш повеќе од 400 Палестинци се убиени во Западниот Брег во израелски воени Пренесува МИА .