Во Бугарските градови Велико Трново и Јамбол од денеска (30 јануари) е прогласена епидемија на грип. Мерките ќе останат во сила до 5 февруари, соопштија здравствените власти. Од среда епидемија на грип е најавена и за градовите Шумен и Перник. Бугарските медиуми јавија дека речиси во половина од државата е прогласена епидемија на груп.
Јамбол и Велико Трново се деветтата и десеттата област во Бугарија што воведоа привремени антиепидемиски мерки. Тие вклучуваат прекин на закажаните консултации на здрави трудници и деца, превентивни прегледи и задолжителни имунизации. А, во училиштата и градинките се воведува дневен филтер.
Според епидемиолозите, во таа држава главно циркулираат грип А и грип Б, а пикот на епидемијата се очекува за неколку дена.