Нутриционистите им препорачуваат на сите оние што неретко консумираат обилни оброци, да си постават ограничување и да не претеруваат постојано со јадење. Освен тоа, луѓето што обожаваат тешка храна, особено гурманите, би требало дополнително да внимаваат на црниот дроб и редовно да спроведуваат детоксикација на овој важен орган, и тоа на многу едноставен начин.
„Ако се опуштиме два-три дена, ништо нема да ни се случи, но оној што подолго време јаде лоша храна, би требало да направи прочистување и детоксикација на црниот дроб“, откриваат експертите.
Докторите сметаат дека најефикасен за тоа е чајот од млечка, а нагласуваат и дека во него добро е да се додадат следниве состојки:
прополис
полен
ѓумбир во прав
цимет
лимон
„Ова би требало да се испие наутро пред појадок на празен стомак, но пред тоа треба да се испие чаша топла вода. Таа е одлична за детоксикација. Може каква било вода, дури и од чешма, важно е само да е топла“, откриваат нутриционистите.
Тие откриваат и колку вода би требало да внесеме во организмот кога ќе се разбудиме и пред да јадеме нешто.
„Пред сѐ, треба да се внесат дури две чаши топла вода за да се прочисти нашиот организам“, велат нутриционистите.
Исто така, нагласуваат и дека содата бикарбона е одлична, бидејќи дава базна реакција, но им прави проблеми на луѓето што имаат висок крвен притисок.
„За детоксикација најважно е внесувањето течности и вода, тоа ќе даде најдобар резултат за нашиот организам“, заклучиле докторите.
Трик за оние што сакаат да ја намалат тежината
Стручњаците им препорачуваат на оние што сакаат да се ослободат од вишокот килограми да пијат ладна наместо топла вода, затоа што го зголемува чувството на ситост и подолго се задржува во организмот.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.